Виталиј Кличко беше назначен за кандидат за градоначалник на Киев

Од:

Виталиј Кличко беше назначен за кандидат за градоначалник на Киев на изборите, што ќе се одржат на 25 мај во исто време со претседателските

Кандидатурата на лидерот на партијата УДАР беше одобрена на партиска конференција на градската организација.

Пред делегатите Кличко изјави дека ако биде избран, ќе се фокусира врз борбата против корупцијата и со решавањето на буџетските проблеми на украинската престолнина, вклучувајќи привлекување инвестиции.

На 29 март Кличко на конгрес на УДАР рече дека нема да се кандидира за претседател, како што претходно објави, туку ќе се бори за градоначалничко место на Киев.

Тогаш Кличко ги повика сопартијците да ја поддржат претседателската кандидатура на бизнисменот Петро Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми