Крв, пот и солзи

Од:

Во Денкерк нема ќебапи како во Рајвос, па да можеш да избегнеш некои историски институции. Лесно ми беше да го заобиколам местото каде беа отиснати стапките на Принцип, или стариот музеј, што некогаш ја величеше нашата света, етнитетска неподелена, револуција со црвена петокрака.

Во ова француско градче на брегот на Ла Манш, затоа сите патишта водат во пролетта 1940 година. А, ако баш ти е до учење на историјата, можеш да отидеш и до 1914 година. Двете светски војни настапуваа на тукашната сцена, која никој не ја пали, а не ја ни урна. Французите не се како Србите, Хрватите и Босанците.

Тие музеи на судири, оружје и сеќавања, всушност ги избегнувам од воените денови на обуката во гардиската касарна на тогашната ЈНА во српското Ваљево. Ми се погоди да бидам редар во собата на Пуковски, каде беа закопани сите знаменитости на славната единица во која имав чест да служам. Така барем ми зборуваше, се сеќавам како денес, капетанот од прва класа Мирко Годец, Словенец, што после секоја чашка виски уживаше да ни наредува тревога, гледајќи во нашата панична изгубеност во трката со времето. Бидејќи, непријателот само што не нападнал…

Еден ден морав со сидол да светнувам некакви бакарни делови од топовски чаури. Додека, во потта од своето лице, се трлав до изнемоштеност, со лактот случајно бутнав една кристална вазна, која порано гордата СМБ генерација ја освоила на армиски натпревар.

Се скрши на илјадници парчиња. Од тогаш, во ноќни кошмари, се уште понекогаш го сонувам црвеното подуено лица на капетанот Годед и неговото заканувачко шиштење:

– Сите освен тебе, ќе го чуваме Врховниот команданд!
Така ми пропадна запознавањето на Дедиње и пеењето во стилот на Ѓорѓе Балашевиќ, „ и ја сам видио Тита маршала Тита, легенду ту… “.

Но, ако одиме со вистината до крај, тогаш морам да признаам дека сепак неколку пати влегов во Музејот на Млада Босна и Музејот на револуцијата на Маријин Двор. Кај Гаврило атентаторот или терорист, бев во посета лани поради еден западноевропски бизнисмен околу работа на столетието. Носејќи порака од пријател, кој талентот за брза заработка го наследил од покојниот татко. Неговиот татко го заразил нашиот континент со оние хула-хопови. Знаете, оние пластични обрачи што бесно ги вртевме на колковите, рацете и на вратот.

Не постоеше некој што го немаше тој хула-хоп во мојата раја.
Посебно предизвикувачки беше вртењето на некои слатки девојчиња со тие пластики.
… Ах, да, тој деловен човек сфати дека 2014 година ќе биде година кога ќе се слави, замислете ќе се слави сто години од почетокот на Првата светска војна. Која, на наша голема гордост, почнала од бреговите на Миљацка и стигнала дури до овој далечен Денкерк. Каде луѓето од поновата генерација никогаш не би слушнале за некое Сараево ако ние повторно малку не запукавме.

Значи, појдов во друштво на пријателот Неркез Лалиќ, што од далечниот канадски Едмонтон дојде на една десетка со кајмак и кромид, нешто да ги праша господата што се раководители на Музејот Млада Босна, преименуван, од незнам кои причини, во Музеј на град Сараево. Кратко и јасно, сакав да дознаам дали на мојот пријател, тајкуните би му ги продале оригиналните отисоци од чевлите на славниот рушител на моќта на Виенскиот двор. Тие стапки од Ќошот на Брегот на кои се менуваа сите генерации на сараевските деца уживајќи во улогата на патриот, за кој слушале на досадните часови на вечно променливото толкување на домашната историја. Денес си херој, утре терорист, или обратно. Комплетна историска лудница. Сироти овие нови клинци! Уште колку пати ќе мораат одново да учат, за утре да им речат – пу пу не важи повеќе?!

Секако, стапките не успеавме да ги купиме. А и што ќе ни се. Разочарано дознавме дека не се оригинални, не настанале од одлучните чекори на големиот патриот или терорист. Отисокот бил само добар уметнички перформанс, роден во главите на поранешните другари, народни уметници на чесна генерација. Така пропадна големата идеја на хула-хоп бизнисменот.

Веројатно мислел стапките за големиот лов да ги пикне на некој откачен колекционер или да прави минијатурни копии во облик на привезоци за клучеви.

Во поранешниот Музеј на револуцијата на БиХ, денешен историски музеј на БиХ, ако така го признаваат и во Бања Лука, бев два пати. Првиот, оние денови кога Русите упаднаа во Чехословачка, кон крајот на 60-тите. Се обидувам во тој стар партизански тенк, музејски експонат, да го претворам во тајно љубовно гнездо со една слатка Мартинка. Со родителите остана во Сараево, бидејќи од Јадранот не можеа да одат подалеку во родната Прага.

Вториот пат, кога со Нарцис Јорго, другар од детството на Вилсоновото шеталиште, во почетокот на оваа последна војна се обидував да сфатам дали некој историски експонат на славните партизани ќе се оспособи за нова ослободителна војна…

Мај и јуни во Музејот на битката за Денкерк по 74 пат ќе ги обнови сеќавањата на големото бегање од сојузничките сили, по првиот пад на германската машина на Третиот рајх. Во невозможни услови, под постојан артилериски оган и напади на авијацијата во Велика Британија успеале да се повлечат половина милион Англичани, Французи и Белгијанци.

Благодарение на необјаснивите одлуки на Хитлер, сојузниците во 1940 година успеале да ја зачуваат главнината на своите сили, кои пет години подоцна ќе го поразат Берлин.

Додека ја разгледувам збирката со која се лета низ децениите, размислувам колку кај нас имало неразумни одлуки и колку поради тоа сите заедно сме морале да платиме. Затоа би сакал во Денкерк повеќе да ме заведеше мирисот на реш печени сомуни, отколку на тешки историски наводници, кои тука за среќа или за жал, се непроменливи. Се беше и останува во фонот на незаборавните зборови на Черчил – ви нудам само крв, пот и солзи.

Ох, колку тоа познато ми звучи, разбирам, додека во друштво на кустосот на Музејот на битката во Денкерк положувам венец што ги симболизира англиските црвени лалиња. Љубезниот господин потоа покажува на непрегледната, песочна плажа, поприште на големите битки од двете светски војни. Со потсмев додава дека и денес на овој простор се навистина тие кои би се евакуирале на Островот. Очигледно мисли на колоните белосветски бегалци, што спас бараат во илегални премини низ Каналот до земјата на благосостојб ата, каква што им се чини Велика Британија. Потоа се свртува кон панорамата на новиот модерен град и се фали дека по секоја војна одново граделе фабрики, населби, стопанството. Прашува, дали и кај нас е така. Потврдувам со глава и потенцирам дека повторно градиме само шопинг центри. Во мојата далечна татковина со гордост извикуваме – каде било, стоковна куќа секаде! А, крвта, потта и солзите никој и не ги спомнува. Станаа навика без која не знаеме да живееме.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници