Украинските власти се подготвени да ги сослушаат барањата на регионите

Од:

Киев тврди дека е подготвен да ги сослуша барањата на регионите во земјата, јави ИТАР-ТАСС.

– Украинските власти се подготвени да ги сослушаат сите законски политички барања на Украинците во источниот и западниот дел на земјата и да им излезат во пресрет, се наведува во соопштението на Министерскиот совет на Украина, објавено денеска на сајтот на Владата.

Киев повикува исто така да се спроведе Женевската спогодба од 17 април, склучена меѓу Украина, Русија, САД и Европската унија.

– Парламентарната коалиција се обрати кон сите политички сили со повик да го потпишат Меморандумот за взаемно разбирање за решавање на состојбата во источна Украина, се вели во документот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми