Советот за безбедност го осуди масакарот во Сирија

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа едногласно ја осуди сириската влада за артелерискиот напад врз градот Хула во кој загинаа најмалку 108 луѓе од кои околу 30 деца.

„Советот за безбедност најостро ги осудува убиствата, кои беа потврдени од набљудувачите на ОН, на десетици деца, жени и мажи и ранувањето на стотици други во градот Хула, во близина на Хомс, во напади кои опфатија серија владини артилериски и тенковски гранатирања на резиденцијални објекти. Таква невидена употреба на сила против цивилно население претставува сериозно прекршување на меѓународното право и на обврските кои ги презеде сириската влада“, се наведува во необврзувачката резолуција на Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија