До 2050 БиХ ќе биде „најстара“ земја на Балканот

Од:

До 2050 година Босна и Херцеговина ќе стане земја со најголем процент на возрасна популација на Балканот, покажува едно истражување изработено по нарачка на Црвениот крст на БиХ.

Како што јави Хина, во истражувањето се наведува дека во следните три децении бројот на стари лица во БиХ ќе се зголеми двојно во однос на сегашното ниво.

Една од авторите на истражувањето, Нусрета Кепес, предупреди дека ако продолжи ваквото темпо на стареење на Босанците, државата ќе се соочи со голем економски и социјален проблем чие решавање нема да биде нималку едноставно.

Состојбата во БиХ и сега е загрижувачка, имајќи предвид дека секој втор возрасен жител прима пензија од само 158,5 евра, а секој осми има приходи кои се движат од 50 до 150 евра месечно. Над 14 проценти од возрасните луѓе во земјата немаат никакви приходи, а дури две третини се хранат во народни кујни. Повеќе од една четвртина од пензионерите работат дополнителна работа на црно, се наведува во истражувањето.

Анализата е изработена во рамки на Мадридскиот меѓународен акциски план од 2002 година, кој повикува на решавање на проблемите со стареењето на населението во текот на 21 век. Планот до сега го потпишале 150 земји од целиот свет.

Во него се наведува дека стареењето на населението станува се поголем проблем во Европа и Североистична Азија, а во помала мерка и во САД.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници