Почнува кампањата за претседателските избори во Украина

Од:

Кандидатите за претседател на Украина ја почнуваат денеска предизборната кампања со претставување на националната телевизија.

На секој од 23-та кандидати му е доделено бесплатно време за промоција на Првиот канал на националната телевизија двапати во периодот од 22 април до 22 мај и двапати на Првата национална радио програма од 5 до 23 мај.

Редот на телевизиските и радио обраќањата на кандидатите е одреден од Централната изборна комисија.

Девет од 23. кандидати се номинирани од политички партии. Меѓу нив се Јулија Тимошенко од партијата Татковина, поранешниот заменик-министер за одбрана Антолиј Гриценко од Граѓанската позиција, Петро Симоненко од Комунистичката партија, Олег Тјагнибок од Слобода и Дмитро Јарош од Десниот сектор, по кого е покрената меѓународна потерница.

Останатите учесници самите ги поднеле своите кандидатури, а меѓу нив се бизнизменот Петро Порошенко, кој смета на поддршката на партијата УДАР на Виталиј Кличко, како и Михаил Добкин, поддржан од Партијата на регионите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми