Јанукович претстави план за уредување на кризата во Источна Украина

Од:

Соборениот украински претседател Виктор Јанукович претстави денеска план за уредување на ситуацијата во Источна Украина.

Во планот, како што јави ИТАР-ТАСС, Јанукович упатил повик за враќање на војниците во Источна Украина во нивните места на постојана локација и за повлекување на единиците на Националната гарда, како и за започнување дијалог со населението на источните реони.

Во планот Јанукович предлага и одржување референдум за прашањата за федерализација на земјата и на надлежностите на областите, а потоа и на референдум во однос на претседателската или парламентарната форма на власт во Украина. Дури потоа може да се изврши уставна реформа, се наведува во планот.

Откако тие услови бидат исполнети, можат да се одржат парламентарни и претседателски избори, се наведува во планот на Јанукович и се додава дека треба да има и формиран систем за меѓународна контрола на тоа гласање.

– Вие сте на прагот на крвава војна. Запрете!, повикува во планот Јанукович, обраќајќи се кон украинските војници, пратени во Источна Украина.

– Не пречекорувајте ја границата! Не исполнувајте наредби, издадени од криминалци, додава Јанукович во повикот до војниците и припадниците на украинските специјални сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми