Тимошенко ја откажа најавената посета на САД

Од:

Поранешната украинска премиерка и лидер на владејачката партија Татковина (Баткившчина), Јулија Тимошенко ја откажа планираната посета на САД, затоа што, како што јави ИТАР-ТАСС, ниту еден американски конгресмен не изразил подготвеност да се сретне со неа.

Заминувањето на Тимошенко за Вашингтон било планирано за 23 април.

Покрај тоа што ниту еден конгресмен не сакал да се сретне со Тимошенко, тие дури во контакти со неа или со нејзините соработници сугерирале дека таа не треба да се кандидира за претседател на Украина на изборите закажани за 25 мај.

Тимошенко минатата недела побара воена помош од САД за Украина, нагласувајќи дека на нејзината земја и е потреба помош како во воена техника и опрема, така и во обука на војниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми