Тринаесеттиот Офф-фест од 30 мај до 5 јуни

Од:

На 13. Офф-фест од 30 мај до 5 јуни во пет фестивалски вечери ќе настапат исклучително квалитетни состави од Етиопија, Португалија, Шпанија, Конго, Јужна Кореја, Унгарија, Словенија, Хрватска и од Македонија, а ќе биде прикажан и еден музички документарец, соопшти Скопски џез-фестивал, организатор на Офф-фест.

Фестивалот ќе почне со настап на големиот унгарски композитор, импровизатор и виртуоз на виолината Феликс Лајко, а во наредните вечери ќе гостуваат легендарниот музичар од Етипоија Мулату Астатке – татко на етио-џезот, македонскиот бенд Фолтин со неколку специјални гости-музичари од странство, харизматичниот Јупитер од Конго и неговиот бенд Okwess International, популарниот словенечки пејач и кант-автор Зоран Предин, придружен од хрватскиот џипси-свинг состав Дамир Кукурузовиќ Џанго груп, јужнокорејските инструменталисти и модерни традиционалисти Geomungo Factory.

– Офф-фест 2014 ќе заврши на 5 јуни, со настап на најголемата нова ѕвезда на португалското фадо Carminho, како и со концертот на свежата фламенко атракција од Шпанија, инспиративниот женски квартет Las Migas, соопшти организаторот.

Во рамките фестивалот ќе биде прикажан и документарниот филм Jupiter’s Dance, фасцинантна приказна за животот на музичарите во Конго, раскажана преку едно неверојатно патување низ гетата на Киншаса.

Фестивалот годинава ќе се одржува на повеќе локации – Универзална сала, Македонската опера и балет, киното „Фросина“ и клубот „Станица 26“.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска