Платформа „Зелена Македонија“

Од:

По повод 22 Април-Светскиот ден на планетата Земја, утре заедничка средба ќе одржат над 25 еколошки невладини организации од државата, обединети во платформа „Зелена Македонија“ со политичките партии и коалиции, учесници на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Еколошките невладини организации сметаат дека во следниот четиригодишен период треба да се преземат мерки за решавање на т.н.„жешки еко точки“ во државата.

– Нарушувањето на животната средина има штетно влијание на здравјето и на животот на луѓето, како и на биодиверзитетот во Република Македонија, сметаат македонските еколошки организации.

На средбата предвидена е презентација на платформата „Зелена Македонија“, а се очекува политичките партии да го соопштат нивниот став за оваа иницијавтива, како и потпишување на платформата „Зелена Македонија“.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Гори насекаде, 17 пожари до 13 часот