Киев бара помош од Русија за смирување на тензиите во Славјанск

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Русија да го искористи своето влијание врз проруските сепаратисти во источноукраинскиот град Славјанск, со цел „да ги ослободат протвзаконски заземените згради, да ги деблокираат патиштата, да го предадат оружјето и да не дозволат крвопролевање“.

Тензиите во Славјанск, кој важи за главно упориште на проруските сепаратисти во источна Украина, доплнително ескалираа минатата ноќ кога засега непознати лица нападнаа контролен пункт на еден од северните приод кон градот, при што загина тројца локални жители и двајца напаѓачи.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов денеска ја повика Русија да интервенира „за да ги заштити оние кои се борат против украинските националисти“.

Тој нагласи дека локалното населние е загрозено е припадници на украинската екстремнодесничарска националистичка организација „Десен сектор“.

– Само Русија може да не заштити, порача Пономарјов, додавајќи дека ако веќе Москва не може да испрати „мировини сили“, тогаш браем нека им достави оржује за да можат сами да се бранат.

Пономарјов ја обвини организацијата „Десен сектор“ дека стои зад инцидентот од минатата ноќ, нагласувајќи дека еден од убиените напаѓачи, кој бил вооружен со автоматска пушка „од југословенско потекло“, кај себе имал беџ на оваа екстремистичка група со број 20.

– Бројот еден го има лидерот на организацијата Дмитро Јароп, потенцира Пономарјов.

Во врска со нападот се огласи и руското Министерство за надворешни работи, кое оцени дека станува збор за „провокација“ на украински националистички и екстремистички групи.

Нападот, според Москва, е доказ дека новите власти во Киев не сакаат да ги разоружаат паравоените групи, како што е предвидено со договорот од Женева, што во четвртокот го постигнаа Русија, Украина, ЕУ и САД.

Организацијата „Десен сектор“, од своја страна, ги отфрли обвинувањата дека стои зад нападот во Славјанск, нагласувајќи дека инцидентот претставува провокација иницирана од страна на Русија.

– Тоа е богохулна провокација на Русија. Богохулна е затоа што се случи во ноќта која е света за христијаните – ноќта на воскреснувањето (Христово). Сигурни сме дека е извршена од руските специјални единици, истакна портпаролот на „Десниот сектор“, Артјом Скоропадски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми