ОБСЕ: Нема руско воено присуство во Украина

Од:

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ за истокот на Украина Клаус Циликенс изјави оти нема никакви докази за присуство на руски војници во Украина, вклучувајќи го и регионот Доњецк.

Според него, медиумските извештаи за жртвите во судирите во источниот украински регион Доњецк често не можат да бидат потврдени.

– Нашето искуство од изминатите четири седмици покажа дека во тие гласини или некој пат медиумски извештаи, има претерувања за жртвите и на крајот се покажува дека станува збор за помали бројки- рече Циликенс.

На прашањето да ги искоментира извештаите за тројца убиени во Мариупољ, тој рече оти е потврдена една жртва.

Тој повтори дека мисијата на ОБСЕ во Украина нема информации за точниот број на жртви во судирите во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми