Поради што мажот се вљубува во жена? Дали е во прашање вистинскиот момент, одредени квалитети по кои трага или само хемија? На овие прашања одговараат експертите, а еве што велат…
Зошто се вљубува во токму таа, одредена жена, а не во некоја друга?
„Мора да го освои вкупниот пакет – нејзината карактерност, нејзиниот мозок, тело, мирис, нејзината непозната, таинствена привлечност – неговиот мозок мора да почувствува дека не може да живее без неа, дека таа мора да биде дел од неговата иднина!, напишала Луан Бризендин, авторката на книгата „The Male Brain“ (Машки мозок).
Чувствува дека може да ја усреќи
Мажот бара жена со насмевка. Се поврзува со жена кога ќе почувствува дека успева да ја направи среќна.
Сè е дел од патување
Вљубеноста многу луѓе ја сметаат за чиста случајност, но во духовна смисла не е тоа, тоа е влезна точка за вечни љубовни патувања.
Поради тоа како се чувствува покрај неа
Мажот се вљубува кога покрај жената се чувствува како суперхерој.
Кога таа е отворена за љубов
Мажот се вљубува кога испраќате сигнали дека навистина барате и дека сте подготвени за вечна љубов.
Комплетна личност
Одговорот не звучи секси, но мажот се вљубува кога неговите чувства ќе дојдат до критична точка. Поминува време со неа и гледа дека е љубезна, полна со љубов, приврзана, верна, забавна, секси и со позитивен дух во квалитетите кои имаат одредена тежина. Еден ден ќе помисли: Опа, јас ја сакам оваа жена. Можеби нема да знае зошто, но неговото срце и мозок ја виделе на подлабок начин.
Подготвена е да ја прифати играта на животот
Да се најде лице кое се вклопува во неговиот живот, без големи нарушувања, е многу важно. Мажите можеби сакаат да се состануваат со многу дотерани жени, но со такви не сакаат да се оженат. Подготвеноста жената да ги прифати предизвиците – да ја пробате егозотичната храна која тој ја сака, да го испробате спортот кој тој го обожава, да ги посетите местата на кои тој оди – ќе влијае на мажот силно да се вљуби. Тоа не значи дека мора да сакате сè што тој сака – но барем сте подготвени да пробате!
Сличностите се привлекуваат
Привлечноста, компатибилноста и волшебната искра поради која мислите дека некој е создаден само за вас.
Постојат страсти и цели
Ниту една емоција не е толку мистериозна како љубовта. Во својата срж, до вљубување води нашата желба за среќа.