Во Кумановско се излеа реката Пчиња кај Пелинце

Од:

Поради обилните врнежи водостојот на повеќе реки во Македонија е зголемен, а Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата со водотеците.

Како што соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во Кумановско излеана е реката Пчиња кај Пелинце.

Од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување дадени се 1.000 вреќи за песок на локалната самоуправа за превенција од понатамошно излевање и заштита на имотите на граѓаните.

Исто така во Кумановско излеана е реката Кумановка во близина на Средорек каде се повторно дадени 1.000 вреќи на локалната самоуправа.

Во Кочанско во атарот на две села поплавени се оризови ниви, но нема опасност да бидат загрозени куќи. Подрачното одделение на дирекцијата ја следни состојбата во случај да дојде до влошување на ситуацијата.

Сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во загрозените региони ги следат состојбите со водотеците и се подготвени да интервенираат и помогнат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски