Улиците во центарот на Краљево се поплавени со огед дека канализацијата во тој дел од градот не е во можност да ја прими сета вода од обилните врнежи.
И додека граѓаните и локалната власт се обидуваат да ја исфрлат сета вода од објектите, еден љубител на екстремните спортови ја искористи приликата за еден круг со кајак по улиците на градот и на паркингот кај зградата во која живее.
-Сите ние кои се занимаваме со екстремни спортови само чекавме да падне нешто вакво од небото и да добиеме вакви реки, кои буквално се збеснати. За два дена очекуваме екстремна поплава на реките во Краљево, објаснува за Б92 Ратко Симовиќ, додавајќи деја сега вежба пред неговата зграда и ја подготвува опремата.