По првичната заљубеност и пеперутки во стомакот, врската често запаѓа во рутина, па на љубената личност забораваме да и кажеме некои основни работи:
1. Баш си секси кога…
Кога на партнерот ќе му кажете дека е секси кога веднаш поправа нешто расипано во куќата, ќе го смири детето кога има температура или непланирано ќе оди во шопинг, тоа веднаш ќе го возбуди.
2. Мирисаш исто како кога се запознавме
Многу студии покажуваат дека мирисот и тоа како е поврзан со нашите чувства кон другите. Потсетете ја личноста која ја сакате дека мириса исто како првиот ден и по неколку години и разубавете и го денот.
3. Те сакам иако…
Во моментите кога сте уморни од работа, едвај чекате децата да заспијат или имате некоја друга обврска, кажете му на партнерот дека го сакате иако немате време за него.
4. Фала
Факт е дека со тек на времето, сме многу попристојни со пријателите или колегите, отколку со партнерот. Односот го земаме здраво за готово и забораваме да кажеме фала.
5. Ова го правиш како твоите мајка и татко
Ако ваква реченица кажете во позитивна смисла, партнерот ќе доживее двојна радост затоа што сте го пофалиле и него и неговите.