Четириесетите години се најубавите во животот

Од:

Четириесеттите години повеќе не се прогласуваат за нови триесетти, туку нови дваесетти, а причина за таков смел пристап е тоа што жените во тие години се чувствуваат убедливо најдобро во животот.

Истражувањата покажуваат дека дури 56 отсто од жените постари од 40 години веруваат дека изгледаат помлади во однос на нивните години, а неверојатни 88 отсто тврдат дека никогаш во животот не се чувствувале подобро. На овој факт најмногу влијаат три работи – тежина, врската со партнерот и самодовербата. Две третини од жените тврдат дека на нивната самодоверба влијае ставот за изгледот на телото, додека помалку од половината го додават и односот со партнерот како важна ставка. Меѓутоа, животното искуство кое се стекнало можат да го сумираат само во еден збор – самодоверба, и кога би добиле временска машина со чија помош би можеле да си пратат порака на себе си во 20-тите, таа би била токму таква – имај повеќе самодоверба.

Хедонизам

– Жената во 40-тите години најверојатно до тие години ги завршила сите важни биолошки работи, мажење и раѓање деца и во таа смисла е спокојна. Што се однесува на телесните задоволства, доволно е искусна, го запознала своето тело, знае кои пози најмногу и одговараат, но исто така е свесна дека времето и истекува (се наближува менопаузата), и се труди што повеќе да ужива, изјави за „Ало!“ психијатарот, Јован Мариќ.

Реализација и афирмација

Слично размислување има и психологот Радмила Груичиќ. Според неа, 40-годишната жена ги оствари своите цели од младоста и се афирмирала на сите полиња, така што сега може да ужива во плодовите на нејзината работа.

– Како што децата донекаде се пораснати и можат да се грижат за себе, на жената во 40-тите години и останува време во психолошка смила да се врати на себе и нејзините потреби, рече Радмила и додаде дека во Србија во однос на западот во развојна смисла заостануваат десет години. Во богатите општества, жените порано се вработуваат и се мажат и остварувањето е уште во 30-тите.
Паралела

На прашањето што нема една 20-годишна, а ја краси двојно повозрасната жена, Јован Мариќ одговара:

– Тоа што им недостасува е искуство, особено со спротивниот пол затоа што тие контакти се површни или краткотрајни. Немаат доволно интелектуална и емотивна зрелост за адекватно да ги проценат другите луѓе, односно мажите, објаснува докторот и продолжува дека од друга страна 40-годишните жени го искусиле животот, имаат искуство со спротивниот пол, знаат што сакаат, а што не сакаат.

– Со помош на козметика и гимнастика се уште можат да изгледаат слабо и младолико што на нас мажите ни е многу важно затоа што се возбудуваме со помош на видот. Ако се грижи за нејзиниот тело, жената во 40-тите години се уште е посакувана, констатира Мариќ.

Секое време носи свое

– Секое време носи свои задоволства, односно има свои предности и мани. Најважно е да се биде во контакт со себе и своите чуства, без разлика дали се позитивни или негативни, затоа што и оние негативнитеа ни покажуваат каде (не) треба да одиме, вели Радмила Груичиќ.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ