Киев најави децентрализација на власта и официјална употреба на рускиот јазик

Од:

Со новиот украински устав ќе биде воведена поголема децентрализација на власта во земјата и ќе им се овозможи на регионите да го користат рускиот јазик како официјален, најавија денеска времениот претседател и премиерот на Украина, Олександар Турчинов и Арсениј Јацењуј во задничко телевизиско обраќање до нацијата.

Тие најавија обемна уставна рефома со што ќе им се дадат многу поголеми надлежности на регионите, како и дека рускиот јазик ќе добие посебен статсу, што се едни од клучните барање на сепаратистичките проруски активисти во источниот дел на Украина.

Според Турчинов и Јацењук, целта на ваквиот потег е намалување на тензиите во земјата, зачувување на националното единство и спречување на насилството.

Заедничкото обраќање на Турчинов и Јацењук следи еден по усвојувањето на договорот во Женева за смирување на состојбата во земјата, постигнат на вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Украина, Русија, ЕУ и САД.

Турчинов најави и подготвеност за измени во законите за буџет и даноци, со цел да обезбедат повеќе загарантирани средства за регионите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми