Киев се заканува си „поконкретни“ мерки против сепаратистите

Од:

Украинската Влада денеска најави дека во текот на следната недела би можела да преземе „поконкретни“ мерки против проруските сепаратисти, доколку тие не се повлечат од запоседнатите државни објекти, согласно договорот постигнат вчера во Женева.

Проруските активисти од источна Украина претходно најавија дека ќе ги ослободат административните згради, дури откако ќе се повлечат прокиевските демонстранти, кои имаат поставено камп на „Плоштадот на незавосноста“ во Киев.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчица изјави дека и „покрај ваквите барања на сепаратистите од исотчна Украина, Владата не гледа потреба да го растури кампот на проевропските активисти“ на плоштадот во Киев, додавајќи дека такво нешто не се бара ни со договорот од Женева, кој го постигнаа Украина, Русија, ЕУ и САД.

Дешчица наглави дека очекува претстојните велигденски празници да придонесат за смалување на тензиите, по што би биле ослободени и „окупиртаните згради“.

Во договорот за стабилизација на состојбата во Украина, склучен вчера во Женава, се предвидува разоружување на сите илегални вооружени формации и ослободување на сите противзаконски окупирани административни згради во Украина. Според договореното, ќе бидат амнестирани сите демонстранти, со исклучок на оние, кои извршиле тежок криминал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми