Генералното обвинителство на Украина го истражува поранешниот претседател Виктор Јанукович и други високи службеници на претходната власт за „терористички акт, што предизвикал смрт на луѓе“.
– Утврдено е дека Виктор Јанукович, поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина Олександр Јакименко и поранешниот министер за внатрешни работи Виталиј Захарченко создале терористичка организација, чија дејност довела до масовно убиство на луѓе на 20 февруари 2014 во Киев, изјави преставник на прес-службата на Обвинителството Васил Зорја.