Украинската страна ќе ги исполни сите одредби кои ги потпиша во Женева по разговорите на кои учествуваа претставници на Русија, САД, ЕУ и Украина, изјави синоќа украинскиот премиер Арсениј Јацењук на вонредната седница на Владата.
Јацењук ги повика демонстрантите да ги одблокираат сите административни згради и ги повика властите во Киев да го исполнат условот за амнестија за оние демонстранти кои ќе ги напуштат зградите и ќе го положат оружјето, освен оние кои извршиле тешки злосторства, како што се убиства.
Јацењук рече дека украинската Влада ќе ја разгледа соработката со ММФ на затворена седница.