Претседателот на украинскиот Парламент Олександр Турчинов денеска соопшти дека 25. воздушно-десантна бригада во Краматорск ќе биде распуштена поради тоа што нејзините припадници вчера им се предале на проруските групи и оти на тие војници ќе им се суди.
– Бригадата, која постапи кукавички и го предаде своето оружје, ќе биде распуштена. Армијата ќе одговара пред суд, рече Турчинов на заседание на Врховната Рада.
Тој додаде дека на Министерството за одбрана и државното обвинителство веќе им се дадени одредени упатства во врска со овој случај.
Во Краматорск и уште неколку градови во источниот дел на Украина, проруските демонстранти заземаа згради на локалните власти и полицијата, а вчера беше јавено и за групи украински војници кои преминуваат на страна на демонстрантите.