Исходот од претстојните избори за Европскиот парламент и новиот состав на Еврокомисијата нема да влијаат на промената на односот на ЕУ кон БиХ и неа вратите за придружување ќе и останат отворени под услов да се спроведат очекуваните реформи, оцени специјалниот претставник на ЕУ за БиХ Питер Соренсен.
– Апсолутно сум сигурен дека нема да ослабе силната определеност на ЕУ БиХ во иднина да стане нејзина членка, рече Соренсен во интервју за „Ослобоѓење“.
Тој, сепак, повика во БиХ сериозно да се пристапи кон реформите, предупредувајќи дека приближувањето на изборите планирани за октомври не смее да влијае на застојот на реформските процеси.
– Непостоењето на економски раст е еден од причините за протестите кои ги видовме во изминатите месеци, напомена тој и наведе дека посебна работна група, која веќе е формирана, ќе работи на активирање на средства кои БиХ може да ги добие преку претпристапни фондови на ЕУ.