Командата на воената акција во Јужна Украина донесе одлука да повлече од Краматорск 15 борбени десантни возила и да ги врати во нивната база во Дњепропетровската област, соопшти прес-службата на украинското министерство за одбрана, пренесува ИТАР-ТАСС.
– Петнаесет единици оклопни возила, кои беа блокирани од демонстранти во близина на селото Пчолкино, јужно од Краматорск, денеска се враќаат на своите места во Дњепропетровската област, се наведува во соопштението на прес службата.
За деблокирање на воените возила со демонстрантите преговараше командантот на десантната војска на украинските вооружени сили полковник Александар Швец.