Од следната година форензичка лабораторија

Од:

Од следната година форензичка лабораторија

Владата се подготвува да воведе во работа Информатичко форензичка лабораторија, чија цел ќе биде превенирање, откривање и обезбедување докази и санкционирање на сторителите на кривични дела од областа на финансискиот криминал.
Лабораторијата треба да стартува во текот на 2013 година. Според портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, лабораторијата ќе врши испитување на софтверските системи и ќе утврдува дали постоеле постапки за даночно затајување или пак финансиски криминал, дали истите биле бришени или уништувани, како биле внесувани, и кои биле обидите за прикривање на доказите за инкриминација.

„Системот ќе биде доверлив, корисен, нема да постои можност за злоупотреба“, рече Ѓорѓиев.

Искуствата се преземени од државните управи во Шведска и во Данска, а според Ѓорѓиев прецизно ќе се дефинира улогата на оваа лабораторија во системот, функциите и делокругот на работа.

„Информатичко форензичката лабораторија ќе биде организирана во рамки на Управата за јавни приходи, и тоа во Генералниот даночен инспекторат, како посебен оддел во рамките на инспекторатот за специјални контроли, рече портпаролот.
Веќе се прави селекција на лицата кои ќе работат во оваа лабораторија, кои согласно странските искуства ќе имаат интензивна обука за надградба на знаењето и вештините потребни за работата.
„Селекцијата на лицата веќе се врши од редот на вработените во Државната управа, пред се, се искористуваат капацитетите на лицата вработени во Управата за јавни приходи, а се прават и контакти со МВР, за детекција на лица кои исто така поседуваат првични перформанси кои што понатаму ќе бидат надградени со стручните обуки. Точниот број на лица кои ќе бидат вработени ќе биде дополнително утврден, изјави Ѓеоргиев.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски