Рекордна невработеност во еврозоната

Од:

Инфлацијата во еврозоната во август повторно скокна на 2,6 отсто, покажаа денеска прелиминарните податоци на Европскиот завод за статистика.

Откако во изминатиот тримесечен период мируваше на 2,4 отсто, стапката на инфлација овој месец повторно порасна, одбележувајќи го 20-от месец по ред како е над среднорочната цел на Европската централна банка од приближно или под два отсто, пренесоа француските медиуми.

Заводот во одвоено соопштение наведе дека бројката на невработени во 17-члената еврозона во јули нарасна на рекордните 18 милиони, што е највисока вредност од почетокот на мерењето во 1995 година.

Овој месец на редовите на невработените им се приклучија 88.000 лица, иако ревидираните податоци за јуни покажаа дека стапката на невработенсот е непроменета на 11,3 отсто, додава Заводот.

Покрај 25.254 милиони невработени во Европската унија, вклучувајќи ги тука и земјите надвор од еврозоната, како што се Велика Британија или Полска, овие бројки предизвикуваат загриженост дека европската монетарна унија и нејзините најблиски соседи можат да западнат во нова рецесија.

Невработеноста во најсилната европска економија-Германија, изнесува 5,5 отсто, а стапките се ниски и кај соседните Австрија и Холандија, но од друга страна во Шпанија и натаму еден од четворица е невработен.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил