Тимот на Груевски гостуваше на конвенција на Републиканците во САД

Од:

Владиниот тим, предводен од премиерот Никола Груевски присуствуваше на конвенцијата на Републиканците во Тампа, Флорида.

Со ова започна посетата на САД, и презентацијата на можностите за инвестирање во Македонија. На конвенцијата на Републиканската партија каде што имаа многубројни контакти со политичари и бизнисмени.

„Задоволни сме што интересот за Република Македонија е голем, имајќи го предвид тоа што го слушаат инвеститорите за нашата држава, како ниските даноци, најатрактивниот даночен пакет во Европа, одржливата макроекономска политика“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Како што е најавено, македонската владина делегација ќе посети и неколку други градови во САД за да ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија, а треба да присуствува и на конвенцијата на Демократската партија.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните