Кина денеска потпиша зделка тешка 3,5 милијарди долари.
Компанијата „Ербас“, ќе и испорачува авиони А320.
Ова е прв значаен договор за „Ербас “ во Кина, по спорот помеѓу Пекинг и ЕУ за прашањето за емисијата на гасови што предивикуваат ефект на стаклена градина.
Пекинг упорно не прифаќаше да ја спорведе европската шема, и затоа беа раскинати договори вредни 14 милијарди долари.
Во понеделникот информирани извори соопштија дека Ербас се надевал дека ќе добие нарачки за приближно 100 авиони А320 во зделаката што може да ја достигне вредноста од девет милијарди долари.
Инаку договорот е потпишан првиот ден на посетата на канцеларката Ангела Меркел на Кина.