Двајца тинејџери Тибетанци во југозападна Кина се самозапалиле во знак на протест против репресијата во кинеските тибетски области.
Станува збор за двајца многу млади будустички свештеници, 18-годишниот Лобсанг Калсанг и 17-годишниот Дамчоек, кои биле пренесени во болница каде починале од големиот степен изгореници со кои се здобиле. Својот очајнички чин го извршиле во градот Аби во покраината Сечуан, центарот на тибетскиот бунт против кинеските власти.
Непосредно пред самозапалувњето, двајцата монаси извикувале пароли против репресијата над тибетанската култура, извести организацијата„ Radio Free Asia“, цитирајќи Тибетанци кои живеат во егзил а кои имаат контакти со своите истомисленици во Кина.
Вкупно 50 лица, повеќето будистички свештеници, преземале демонстративни чинови на самозапалување или се обиделе да го сторат тоа од почетокот на март 2011 година во кинеските области коишто ги населуваат .