Фотографот Тим Тадер направил серија фотографии од исклучително забавен карактер, на кои се преставени ќелави мажи со перики направени од вода.
Тадер собрал група на „совршени ќелавковци“ над чии глави висел балон полн со вода. Во еден момент балонт бил пробиен, па погледнете која мода излезе од тој експеримент: фризури какви што носеле жените во 30-тите, руска шубара, човек во пламен, Исус…
За да бидат успешни фотографиите, користен е специјален апарат со ултра- висока брзина.