Британија очекува „бран бегалци“ од Грција

Од:

Велика Британија се подготвува за бранот од бегалци кои можат да и тропнат на врата доколку Грција злезе од еврозоната изјави денеска ресорниот министер за внатрешни работи, Тереза Меј, во своето интервју за „Дејли телеграф“ .

Таа истакна дека е тешко да се предвиди што ќе се случува во „неделите што доаѓаат“, но „во услови на незивесност во Грција и во еврозоната, британската Влада не може да остане неподготвена“.

Грците се европски државјани и имаат право да патуваат и да се вработуваат насекаде во Европа доколку посакаат.

Министерката Меј нема точни сознанија колкав ќе биде бројот на иселениците, ниту пак знае во кој правец тие ќе се движат, но фактот дека тешката криза и лошите услови ќе ги натера овие луѓе да заминат од својата земја го загрижило британското министерство за внатрешни работи.

 

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната