Заеднички проект со САД за борба со криминалот

Од:

Македонија и САД наскоро ќе започнат со заеднички проект за спречување и справување со криминалот особено со организираниот криминал и корупцијата.

Според владиниот портпарол Алесандар Ѓорѓиев, проектот ќе се фокусира на истрагата и ефективното кривично гонење, лоцирање на одговорноста на сторителите и нивно казнување, како и унапредување на јавната безбедност и доброто владеење.

„Со овој проект кој се реализира со партнерство со САД очекуваме да се засилат капацитетите на институциите, да се зголемат знаењата и вештините на кадарот во институциите се со цел достигнување на нови стандарди кои се од интерес за ефикасно и ефективно работење и од интерес на граѓаните на Република Македонија. Ова е покажува сериозната посветеност на Владата за унапредување на стандардите, а кредибилитетот на партнерот во оваа сфера е гаранција за успешност на целиот проект и квалитетно спроведување на законите“, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи