Најмалку 113 луѓе се уапсени за време на судирите меѓу чилеанската полиција од една страна и средношколците и студентите од друга страна во главниот град на Чиле, Сантјаго. На протестите имало околу 4.500 луѓе кои бараат бесплатно и квалитетно школување, откако заземаа неколку образовни институции.
39 од уапсените се возрасни лица, а се 74 малолетници.
Меѓу 4.500-те демонстранти повеќето биле средношколци, но и студенти коишто дошле да ги поддржат.
Заземале улици во неколку квартови барајќи подобрување на јавното образование во Чиле, земја во која што образовниот систем е еден од најнеправедните во светот, според показателите на некои истражувања.
Демонстрантите, исто така, бараа државата да учествува во финансирањето на студирањето и уставна гаранција за бесплатно и квалитетно јавно образование.