Шпигл: 10 најопасни политичари во ЕУ

Од:

Германскиот весник Шпигл направи листа на 10-те најопасни европски политичари, меѓу кои се најдоа и Виктор Орбан, Силвио Берлускони и Мари Ле Пен.

На сите заедничко им е што се популисти кои би можеле сериозно да го загрозат „европскиот проект“.

На листата на Шпигл се наоѓаат и баварскиот министер за финансии Маркус Содер, Алексис Ципрас, кој е на чело на грчката Сириза, Тимо Соини, кој ја води националистичката финска партија Вистински Финци, Герт Вилдерс, шеф на холандската Партија за слобода, Александар Добринт, Најџел Фараж, шеф на Независната партија во Велика Британија и член на Европскиот парламент и Хајнц Кристијан Штрах, шеф на Слободарската партија во Австрија.

Сите се избрани на слободни парламентарни избори од бирачите во своите земји и ги претставуваат националните интереси, секој на свој начин.

Наведените политичари јавно заговараат тези дека постојат алтернативи во претставувањето на европската политика и тоа е доволно за да се прогласат за опасни, пренесува хрватскиот Т портал.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес