На смртна казна е осудена Кинескињата Гу Каилаи за убиство на британски бизнисмен. Кинескиот суд ја осуди Гу Каилаи на смртна казна со одложување на извршувањето за две години, откако беше прогласена за виновна за убиство на британскиот бизнисмен Нил Хејвуд, со што го уништи угледот на нејзиниот сопруг Бо Силај, амбициозен политичар кој сведочеше на нејзиното судење.
Гу, призна дека во ноември минатата година го отрула Хејвуд, после расправиите околу работата, кога тој се заканувал на нејзиниот син.
Овој скандал ја уништи кариерата на нејзиниот сопруг Бо, кој беше лидер на Комунистичката партија во Чонгчинг, град во југозападна Кина и сметан за кандидат за раководството на партијата на ниво на цела држава.
Бо Силај е отстранет од функцијата. Официјално поради болест.
Апсењето на Гу и отстранувањето на сопругот од функцијата предизвикаа најголеми политички потреси во Кина од задушувањето на протестите на плоштадот „Тјананман“ во 1989 година. Одложената казна обично подразбира преиначување на смртната казна во доживотен затвор ако осуденото лице во следните две години не изврши ниту еден престап.