Кина ја тресе секс скандал. На, Веибо, кинеската верзија на Твитер објавени се компромитирачки фотографии на кинески политичари.
На Веибо се појавија компромитирачки фотографии од партискиот секретар во областа Луиџанг,Ванг Миншенг , неговиот заменик Џианг Дабин и лидерот на партискиот подмладок на универзитетот Хефеи, Ванг Ју.
Политичарите се бранеа, велејки дека се работи за фото монтажа, направена од страна на нивните партиски противници.
Во Кина е противзаконско водењето љубов во тројка.