Светскиот македонски конгрес реагира на некрологот “25 години – Рудолф Хес“ со коментар “25 години од смртта на човекот кој помина 46 години затвор само затоа што веруваше и остана доследен на неговата идеја, објавен во Дневни и во Вест. Некрологот е потпишан од неговите македонски подржувачи.
Светскиот Македонски Конгрес упатува остра осуда на редакциите на Дневник и Вест, кои, стои во соопштението, само од ним познати причини, објавиле некролог на идеолог на нацизмот.
„Македонија не е наци-фашистичко дувло и надлежните треба да ја понесат одговорноста за овој скандал. Било, да не се повтори“, е ставот на СМК.
СМК потсетува, Рудолф Валтер Рихард Хес е роден 26.04.1894 година. Во нацистичка Германија бил заменик на Адолф Хитлер во Нацистичката партија. Бил суден во Нирнберг и осуден на доживотен затвор во затворот Шпандау – Западен Берлин, кадешто умрел (наводно се самозадавил со електричен кабел) на 17.08.1987 година, на 93 годишна возраст. Поради долгогодишната затворска казна, станал предмет на силна восхит меѓу неонацистите и антисемитите.