Нова антологија на млада македонска поезија и проза

Од:

По долгогодишна пауза конечно излезе од печат нова македонска антологија на поезија и проза од млади автори со прадигматичен наслов: „Ветерот носи убаво време“

Taa содржи поезија и раскази од 35 македонски автори родени меѓу 1980 и 1990 година од кои се очекува да бидат идната движечка сила на македонската книжевна реалност. Приредувачи на Антологијата се д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професор по современа македонска книжевност на Филолошкиот факултет и Иван Антоновски, поет, публицист, литературен критичар.

„Ветерот носи убаво време“ е своевидно исправање на честата неправда што се случува со изоставувањето на младите автори во актуелните антологиски прегледи.

Промоцијата на книгата се очекува наскоро.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“