Не Грција, туку Британија ќе излезе од ЕУ?

Од:

Порталот „EuObzerver“ предупреди дека не Грција, туку Велика Британија би можела да биде таа што прва ќе ја напушти ЕУ.

Тексот објавен на оваа страна во предвид ги има резултатите од последните истражувања на јавното мислење, што покажува дека речиси половина (46 %) од Британците не сакале да бидат дел од ЕУ, а многу поголем број од нив сметаат дека земјата има повеќе штета отколку добро од членството.

Покрај тоа, повеќе од 80 % од анкетираните се противат на напуштањето на британската фунта и влегувањето во зоната на еврото.

Иако и претходно на слична ваква анкета резултатите биле речиси слични, сепка порталот предвидува дека најновите состоби и политичките промени би можеле да резултираат со референдум на кој најверојатно Британците ќе се изјаснат за излегување од Европската унија.

„Врската помеѓу ЕУ и Британија наликува на наметнат брак, во кој и двете страни се несреќни“, пишува „EuObzerver“ како заклучок на крајот од својот опис на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он