Весникот ДЕН продаден на „руски инвеститор“?

Од:

Дневникот весник Ден добива нови газди. Новинарите од весникот информираат дека досегашниот сопственик Живко Серафимовски го продал весникот како што им било кажано на странски инвеститор.

Денеска попладне без најава бил сменет главниот и одговорен уредник Коле Чашуле, а на новинарите им било кажано дека новата уредничка структура ќе почне да функционира од недела.

Новинарите сакале да знаат кој е новиот сопственик, на што им било одговорено дека нема потреба да го знаат, а ако имаат желба таква можност ќе имаат во септември или во јануари.

Сопственикот на ДЕН, Живко Серафимовски за А1 вели дека весникот сеуште не е продаден, договорот сеуште не бил потпишан и се додека не легнат парите на сметка газда останува тој. Серафимовски потврди дека заинтересираниот инвеститор кој станува сопственик на весникот е од Русија.

Се појавил и идниот нов директор кој најавил дека ќе ги прегледува сите текстови во иднина за да се заштител весникот од кривични пријави. Им било кажано и дека ќе останат сите кои зборуваат на течен англиски јазик зашто весникот ќе работел по меѓународни стандарди. Новинарите за А1 велат дека ова се услови со цел да ги избркаат, зашто знаат дека и дел од новиот уреднички тим ни оддалеку не знае течен англиски јазик.

Голем дел од новинарите за А1 информираат дека ќе поднесат откази на работното место, а дел веќе и заминале. На досегашниот главен и одговорен уредник Коле Чашуле му било понудено да работи во весникот како новинар за плата од 18.000 денари. На негово место сега е Бране Стефановски, долгогодишен новинар во МРТВ. Во Ден како нови уредници ќе бидат и Љубиша Николовски , кој беше новинар и уредник во МРТВ и А1, но и Александар Сидоровски како уредник на спортската редакција.

Чашуле се најавува дека ќе замине во МРТВ каде што претходно од ДЕН замина и заменикот уредник на весникот, Горан Петрески. Весникот Ден почна да излегува во март оваа година.

Би можело да ве интересира

Законот за поткуп на медиумите денес дел од скринингот, ЕУ предупредува дека за измените се потребни консултации со новинарските здруженија

Маја Илиевска-Пачемска

Ковачевски ја нападна Левицата оти го блокира поткупот на медиумите

Комисијата за медиуми го поздрави напредокот во известувањето, гласаше за пријави за три телевизии

Емир Латифовиќ