Грчката полиција го уапси Сретен Видиќ од Босна и Херцеговина на границата со Македонија откако кај него пронајде камен тежок три килограми, украден од Акропол. За ова кривично дело во Грција е предвидена казна затвор од три до пет години.
Според пишувањето на грчките медиуми Видиќ при обиколката на Акропол го украл каменот, а потоа се обидел да го донесе во Босна и Херцеговина во патната торба која ја сокрил под седиштето.
Уапсениот во полицијата рекол дека дека не знаел за строгата забрана за изнесување камења од Акропол и признал дека каменот му се допаднал бидејќи имал идеален облик за притискање на киселата зелка.