Неколку „тајни“ за мажите и врските

Од:

Иако повеќето од мажите никогаш нема да го признаат ова, сепак и тие како и жените длабоко во себе сакат да бидат во врска. Некои тешко ќе ги изговорат овие зборови, а уште потешко ќе покажат емоции, но сепак потајно и тие го посакуваат тоа. Така се чувствуваат посигурно и побезбедно. Можат да зборуваат за теми што им се „забранети“ во нивното друштво, вели психотерапевтот Бренда Шошан. Таа тврди дека во тие моменти мажите се интимни до крај.

Според неа, мажите исто така сакаат да се чувствуваат слободни да бидат тоа што се без да има потреба да ги прикриваат своите желби.

Еден од испитаницте призна дека му е здосадено да излегува постојано само со пријателите и „да лови“ изгледајќи како некој што го изгубил компасот.

Потребата да се чувстуваат почитувани и сакани е присутна и кај нив, добивајќи го притоа целосно центарот на вниманието од некој, исто како и жените. Од друга страна, жената или девојката што ја имаат покрај себе им влева чувство на самодоверба и позитивно влијае во секој поглед затоа што знаат дека од сите мажи, таа го избрала токму него.

Врската е предизвик за секој човек, бидејќи тој знае дека мора да се обиде и да даде се од себе, а така станува и подобра личност во сите области од животот, правејќи напори да биде подобар почнувајќи од здравјето, изгледот, па се до односот со другите луѓе.

Прашањето поврзано со сигурноста е уште една „тајна“ што мажите никогаш не сакаат да ја признаат, односно и нив им годи кога по целиот поминат напорен ден, вечрта ќе биде нивната сакана покрај нив и ќе може да се рекласираат.

Исто така, припадниците на посилниот пол сакаат своите партнерики да ги прават среќни, без разлика дали е тоа кафе наутро, секс на сабајле или нешто што тие мислат дека би ве насмеале. Ако во било кој момент почувствуваат дека не се способни да придонесат за нејзината среќа, го губат интересот.

Општо е познато дека на мажите сексот и те како им е важен. Но, секогаш прават разлика помеѓу задоволството кое им се пружа додека водат љубов, и посреќни се во животот ако имаат комлетен „љубовен“ пакет со својот партнер, а не само обичен секс. И тие исто какои жените сакаат да се чувствуваат љубени и да си се восхитуваат меѓусебно. Така ја доживуваат својата партнерка како компатибилно лице.

Паровите кои имаат успешни врски знаат колку напори и компромиси се потребни да се направат во врската. Мажите кои само скокаат од врска во врска, се уште ја немаат пронајдено вистинската која би ги задоволила сите нивни потреби, посебно не чувството на сигурност и љубов. Доволно е само жените кои го знаат ова да успеат да им докажат дека не го трошат залудно времето поминато со нив и ќе успеат да ги задржат без проблем.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дамиано Дејвид вплови во соло музички води

Синот на Мајкл Џексон откри зошто татко му им ги покривал лицата со маски во јавност

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

Познатиот актер е целосно непрепознатлив, сите се прашуваат што му се случило

Предраг Петровиќ

Наоми Кембел во центар на скандал: Трошела пари од добротворната организација на спа и цигари

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фановите загрижени за Џастин Бибер

Предраг Петровиќ