Бах како музичка подршка во „Педесет нијанси”

Од:

Книгата која за многу кратко време ги собори сите рекорди за продажба „Педесет нијанси на сиво“, наскоро ќе добие и своја музичка поддршка – албум со 15 класични нумери од познатиот композитор Јохан Себастијан Бах.

Електронското издание ќе биде во продажба од 21. август, а ЦД -то од 17 септември со наслов „Педесет нијанси на сиво -. класичниот албум“.

Иако се веруаше дека феноменот „Педесет нијанси“ ја достигна својата кулминација, веднаш стигнаа докази дека „лудилото“ допрва почнува.

Парфемите, долната облека, постелнината и накитот како да не беа доволни, ниту пак повеќе од 30 милионите продадени книги, само на англиски, ниту пак откупените филмските права за 5.000.000 долари.

Сега постои и класично ЦД за низ дома, со кое ем ќе си слуша Бах, ем ќе се читаат жестоките порно сцени.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери