Алекс Пилинг (32) и Лиза Грант (30) долго ќе ја паметат оваа година.
Овој пар од источен Јоркшир во Велика Британија патува по светот од минатото лето со цел да се венчаат 30 пати во 30 различни држави. Досега се венчале 22 пати, со делфини на Хаваи, облечени како вампири во Лос Анџелес и на многу други локации во Централна, Јужна и Северна Америка.
Алекс и Лиза се знаат околу 11 години, а заедно се шест.
Не сакавме венчавка во Велика Британија и сфативме дека најдобро е да направиме мали церемонии во секоја држава која би ја посетиле, велат тие. За да имаат пари за идејата, ја продале куќата и автомеханичарската работилница, а оттогаш живеат во куќа на тркала која ја викаат Пеги. Најубава венчавка имале во Перу, а најтешка во Белизе.