Исто како и жените и мажите имаат некој свој омилен модел на костуми за капење што најчесто го носат и покрај тоа што и машките модни трендови брзо се менуваат исто како и женските. Сепак, тие малку потешко се откажуваат од некои свои навики, но и од парчињата облека во кои најдобро се чувствуваат.
Освен од модата, на изборот за костум за капење многу влијае и карактерот што ги носи.
Боксери
Класични боксери, според експертите носат мажи кои се подготвени за врска и не се плашат од обврските што таа ги носи. Такви модели носат помалку конзервативните и традиционалните типови.
Долги шорцеви за сурфање
Овој вид на модели се многу популарни и освен на плажа, мажите често знаат да ги носат и во теретана. Иако изгледаат помалку несмасни, сепак оние што најчесто ги облекуваат овој вид на шорцеви сакаат екстремни забави, свесни се за своите предности и многу добро знаат што прават.
Бермуди
Бермудите до колена се најпопуларните „костими за капење“ кои значат дека човекот сака да биде опуштен, да се чувствува добро и да не се „замара“ со ситни работи. Светлите бои од овие модели обично „велат“ дека тој што ги носи сака да биде во центарот на вниманието и не му е проблем да ги искаже своите чувства.
Тесни боксерки
Минијатурни тесни боксерки носат оние кои имаат многу високо мислење за себе си и своето тело, но и оние кои се склони кон претерување. Со ваквите „модели“ на плажа треба да бидете многу внимателни, бидејќи тие се со многу висока самодоверба и претерано нарцисоидни, освен тоа на многу мал број на мажи овие боксерки добро им стојат.
„Слип“ гакички
Модата на овие модели одамна помина, но се уште може да се види некој што ги носи. Освен добрите пливачи и ватерполистите, најчесто ги носат многу сигурни, самоуверени и оптимисти, мажи кои сакаат да ја покажуваат својата машкост. Но, мора да се признае и дека со овие модели понекогаш се открива повеќе отколку што треба.