Проширување на ЕУ поддржуваат 36 отсто од нејзините жители

Од:

Натамошно проширување на Европската унија поддржуваат 36 проценти од нејзините жители, 53 се против, а 11 отсто немаат став за ова прашање, покажува истражувањето Евробарометар спроведено во мај годинава по барање на Европската комисија.

Најголеми поддржувачи на проширувањето меѓу земјите членки на ЕУ се Полјаците со 62 отсто, Романците и Летонците 58 отсто, Словенците и Бугарите 56, Унгарците 54 и Швеѓаните 51 отсто.

Најголеми противници за приемот на нови членки, пак, се Германците (74%), Австријците (73%), Финците (71%), Французите (70%), граѓаните на Луксембург (66%), Холанѓаните (62%) и Британците (60%).

Меѓу земјите кандидати или аспиранти за членство, проширувањето на ЕУ најголема поддршка има во Македонија (88%), во Хрватска (65%), Црна Гора (62%) и Србија (58%), а најмала во Исланд (41) и во Турција (40%).

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он