Магла на повеќе патни правци и на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни.

Поради појава на магла намалена видливостдо 100 метри има на патниот правец Демир Хисар – с.Железнец и с.Кривогаштани – Крушево, а од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони и додаваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот по влажни коловози, магла на патниот правец Куманово – Страцин

Снег, магла и одрони на патиштата низ Србија: Камионите на „Батровци“ чекаат и до три часа, на возачите им се советува да бидат внимателни

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Намалена видливост до 20 метри поради магла на патниот правец Маврово-Бунец

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец