Алкалоид обезбеди девет гола предност против Горење Велење

Од:

Алкалоид направи голем чекор кон пласман во следната фаза од ЕХФ Европскиот куп, откако на домашен терен го совлада словенечкиот Горење Велење со убедливи 32-23 во првиот натпревар од третото коло. Македонскиот претставник, кој пред две години го освои ова натпреварување, обезбеди предност од девет гола пред реваншот во Словенија.

Избраниците на Кирил Лазаров не го започнаа најдобро натпреварот и му дозволија на гостинскиот тим да ја преземе иницијативата. Сепак, Алкалоид постепено воспостави контрола, израмни на 4-4, а при резултат 11-10 направи серија со која се одлепи на пет гола разлика. На паузата македонскиот тим замина со предност од 15-10.

Голема заслуга за позитивниот резултат во првиот дел имаа голманите Иван Галевски и Марко Кизиќ, кои беа на висина на задачата и забележаа двоцифрен број одбрани. Особено сигурни беа при ударите од седум метри, кога не му дозволија на противникот да реализира ниту еден пенал.

Алкалоид уште посилно го отвори второто полувреме и со серија од пет последовни гола стигна до убедливи 20-11. Гостите потоа успеаја да ја намалат негативата и да се доближат до 20-25, но домашниот состав не дозволи целосно враќање на неизвесноста и рутински го приведе мечот до крај.

Со победата од девет гола разлика, Алкалоид има одлична почетна позиција пред реваншот во Словенија. Сепак, македонскиот тим ќе мора да одигра уште еден квалитетен натпревар за да го потврди пласманот во следната рунда.

Би можело да ве интересира

ВЛТ навива: Вардар – Алкалоид, дерби во сабота!

ЕХФ пресуди: РК Алкалоид е победник на Европскиот куп за мажи

Горан Наумовски

Мукаетов: Очекувам ЕХФ да донесе одлука според важечките правилата

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он

Официјално, натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се одигра

А1он

Со „Ја излези Ѓурѓо“ публиката во „Борис Трајковски“ ги повика ракометарите на АЕК на терен – тие бојкотираат

А1он