Чеда Јовановиќ отворено проговори за односот со Аца Кос: „Да бев геј, ќе го признаев тоа“

Од:

Поранешниот политичар Чедомир Јовановиќ и Аца Кос, кои со години го привлекуваат вниманието на јавноста поради заедничкиот живот и објавите на социјалните мрежи, отворено зборуваа за својата блискост и гласините што ги следат.

Во последните години Јовановиќ стана речиси неразделен од Кос, кој живее во неговиот стан на Нов Белград. Поради нивната секојдневна блискост и видеата што Кос редовно ги објавува, во јавноста во еден момент се отвори дебата за природата на нивниот однос и за тоа дали се во емотивна врска.

Гостувајќи заедно во емисијата кај водителката Сања Маринковиќ, поранешниот политичар без двоумење одговори на прашањето за својата сексуалност:

„Доколку бев геј, ќе го кажев тоа. Немаше да се плашам да признаам и немам ништо против оние што се.“

На овие зборови на Јовановиќ се надоврза и Аца Кос, истакнувајќи колку му значат поддршката и ставот на неговиот пријател:

„Горд сум што тој ме гледаше со такви очи, па можам да кажам да.“

Покрај тоа, Кос во студиото откри и детал од нивната секојдневна комуникација, признавајќи дека редовно го прашува политичарот за неговите чувства:

„Јас секој ден го прашувам Чеда: Колку ме сакаш?“

На прашањето на водителката: „Навистина го прашуваш?“, Аца без двоумење потврдил:

„Секако дека го прашувам!“

„Ме нервира што девојките му приоѓаат“

На прашањето каков е Чеда кога ќе се напие, Кос неодамна објасни:

„Инаку не сака да пие, но досега обично нè снимале кога ќе се напиеме, со некои песни и на места на кои сум го носел, па се опушта. Што најмногу прави кога ќе се напие? Пее, нарачува песни…

Мене ме нервира тоа што сите девојки што му приоѓаат, најпрво сакаат да се фотографираат со него, но потоа, откако ќе се сликаат, сакаат да го гушкаат и бакнуваат. Ја преминуваат границата и тоа навистина не е во ред“, искрено раскажа Кос.

Би можело да ве интересира

Три хороскопски знаци за кои 2027 година ќе биде една од најдобрите во животот: Конечно завршува периодот на борби и следува чиста среќа

Предраг Петровиќ

Прогласен најдобриот град за живеење во 2026 година: Во оваа европска престолнина дури 91 отсто од жителите се среќни

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“

Предраг Петровиќ

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ

KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Предраг Петровиќ