Димитриеска-Кочоска: Законот не препознава етничка припадност, прашањето е дали данокот е платен или не

Од:

Сите граѓани се еднакви во оваа држава особено кога станува збор за плаќање на даноци и законот не препознава етничка припадност. Ова го наведе министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

„Кога станува збор за даночни обврски, немојте да мешате етнички припадности. Сите граѓани сме еднакви во оваа држава, од многу аспекти, а па за данокот посебно. Тука нема третман. и не се само Македонци и Албанци во оваа држава. Има и Турци, има и Срби, има и Власи. Законот јасно кажува. Управата за јавни приходи во изминатиот период имаше многу известувања по однос на ова прашање и таа е институцијата која што постапува согласно Закон“, посочи министерката.

Според министерката клучното прашање е дали данокот е платен или не.

„Кај законите, кога станува збор за даноци, нема ретроактивност. Законот дозволува пет години наназад да се вратите и тука нема ретроактивност, туку пет години наназад, кој нема платено данок, има обврска да го плати. Управата за јавни приходи во изминатиот период многу пати одговараше по однос на ова прашање и имаше известувања до граѓаните. Тоа што некогаш не се преземале контроли, а сега се преземаат, тоа е одлука, најверојатно на луѓето кои што работеле и по регионалните дирекции и тоа требало да го направат во моментот кога констатирале дека има одредени приливи на сметките кај граѓаните, а притоа тие истите граѓани, иако се должни согласно Закон да ги пријават даночните обврски, не ги пријавиле. И во рок од пет години има обврска УЈП тоа да го констатира и да го побара да се плати“, истакна министерката за финансии.

Министерката потенцираше дека не треба од оваа тема да се прават етнички тензии и дека данокот не препознава Македонци или Албанци и дека даночните стапки се однесуваат на сите.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

А1он

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

А1он

Димитриеска-Кочоска: Буџетските приходи пораснаа за 8,6 отсто, јавните финансии се стабилни

ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6 милијарди денари за Вториот столб

Димитриеска-Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали

А1он